Израелската војска приведила најмалку 27 Палестинци

0
195

Израелските безбедносни сили приведоа најмалку 27 Палестинци на подрачјето на Западниот Брег.

Израелската армија објави дека во текот на ноќта биле извршени претреси на неколку локации на Западниот Брег.

Во соопштението се наведува дека 27 Палестинци се притворени заради наводна вмешаност во терористички активности во регионот.

Приведените се предадени на надлежните органи и притворени во израелски притвор.
Претресите во домовите и приведувањата во палестинските населби на Западниот Брег и во Ерусалим веќе неколку години е постојана практика на израелските сили, пишува ТРТ.

Според палестинските институции, во израелските затвори има повеќе од 6.000 Палестинци, вклучувајќи и стотици малолетници и жени.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)