(Видео) Израелски војник “ни малку не жали“ заради убиство на ранет Палестинец

0
331

Поранешниот израелски војник Елор Азарија, кој, после наводен напад уби Палестинец со директен истрел во неговата глава, иако Палестинецот лежел ранет и невооружен, изјави: “дека не жали за она што го направил”.
“Знам дека ја направив вистинската работа и каде и да одам, тоа е во мојата глава”, изјавил Елор Азарија во интервју за израелскиот весник Хејум, чии делови беа објавени денеска.

“Не жалам,..и можам да се вратам во тоа време во Хеброн, би го сторил токму она што го направив, бидејќи тоа беше исправно”, рекол Елор Азарија.
Азарија го застрелал Палестинецот директно во главата по наводниот напад врз Хеврон на Западниот брег во 2016 година, и покрај тоа што Палестинецот бил ранет, неподвижен и невооружен.

Додека тој ладнокрвни го ликвидирал ранетиот палестинец, Елора Азари бил снимен од страна на активист на израелската група за права Б’Тселем.
Откако беше прогласен за виновен за убиство, Азарија беше осуден на казна затвор од 18 месеци.

Но, во септември 2017 година, главниот командант на израелската војска, Гади Ејзенкот, ја намали казната затвор на само 14 месеци.
Азарија ја обвинил Армијата за виновна заради тоа што завршил во затвор, наведувајќи ги изјавите на поранешниот министер за одбрана, Моше Јалон, и началникот на Генералштабот, Гад Ајзенко, кои барале негова осуда.

“Да ги држеа устите затворен, ништо немаше да се случи, а она што се случи е неправда”, се жалел Елор Азарија, мислејќи на затворската казна, а не на ладнокрвните убиства што ги извршил.
ВИДЕО – Момент во кој Елор Азарија го убива ранетиот палестинец

Извор:logicno