СИРИСКИ ВОЕНИ ПРЕДСТАВНИЦИ: “Очекуваме американски напади на главниот град, нашите противвоздушни системи за одбрана се подготвени“

0
369

Како пренесува Прес ТВ, неименуван сириски воен претставник изјавил дека сириската воена противвоздушна одбрана била ставена на највисоко ниво на подготвеност заради фактот дека се очекуваат американски и сојузнички воздушни напади.

Потсетуваме, руското министерство за одбрана овие денови порача дека во Сирија се подготвува лажен хемиски напад, кој ќе послужи како аргумент за нападот на Западот врз сириската армија и сириските владини сили.

Сириски воен извор пренесе дека пристигнала наредба до силите во воздушната база Меззех, југозападно од Дамаск, за да се подготват за потенцијален напад врз главниот град.

Официјални коментари на сириската војска на ова информација засега нема, пренесува иранската Пресс ТВ.

Извор:Advance/PressTV