Прилепчанец нападнат со солзавец и ограбен во Струга – му одзеле 8,8 милиони денари

0
970

Вчера, околу 14:20 часот, 26-годишниот Д.З. од Прилеп пријавил дека бил нападнат и ограбен на улицата „Битолски конгрес“ во Струга.

– Тој бил физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со спреј (солзавец) и му го земале ранецот во кој имало 8.800.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: /Охридпресс/МВР фото: архива