Русија испрати дополнителни воени бродови пред Сирискиот брег, додека САД се подготвува за напад на Сирија

0
457

Руското министерство за одбрана потврди дека испраќањаат дополнителни воени бродови пред сирискиот брег додека САД се подготвуваат за нови воздушни напади во Сирија.

Потсетуваме, руската армија соопшти дека припадници на одредени групи во Идлиб подготвуваат хемиски напад за да го обвинат Дамаск за истиот да им послужи како повод на САД и сојузниците да започнат со бомбардирање на Сирија- крајната цел е очигледно да се спречи движењето на сириската воена офанзива во Идлиб.
Русија тврди дека тие имаат конкретни информации дека овој напад е под лажно знаме во подготовка и дека тоа би можело да се изврши овие денови.

Тоа е всушност и единствена причина зошто Русија одлучи да го засили поморското воено присуство пред сирискиот брег – Министерството за одбрана денес потврди дека две фрегати од Црноморската флота – адмирал Григорович и адмирал Есен (на сликата горе ) – веќе се движат кон Медитеранот.
Извор: Спутник