Рано утрово, околу 08:55 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека едно лице настрадало во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“.
– 36-годишниот З.В., управувајќи товарно моторно возило од непозната марка, при враќање наназад, го прегазил 41-годишниот С.А. од струшкото село Долно Татеши. Повредениот починал на местото на настанот. Увидот е во тек, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива









