Иран и Сирија потпишаа договор за воена соработка

by Administrator

Иран и Сирија потпишаа договор за воена соработка на состанокот на двајца министри за одбрана во Дамаск, објави новинската агенција Тасним.
Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, во неделата пристигна во Дамаск во дводневна посета, каде што се состана со претседателот Башар ал Асад и високи воени претставници, објави Тасним.
Иранските сили го поддржуваат Асад во сириската граѓанска војна.
Тасним не даде други детали за договорот за воена соработка.
Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, минатата недела изјави дека Иран треба да ги повлече своите сили од Сирија.
Високи ирански официјални лица тврдат дека иранската армија во Сирија е на повик-барање на владата на Асад и дека нема планови за повлекување, објави Ројтерс.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)

You may also like