Најмалку осум лица загинале во пожар кој денес избувнал во станбена зграда во Чикаго, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Одделот за противпожарна заштита во Чикаго објави дека пожарот избувнал во 4 часот по локално време во трикатна зграда во Литл Вилаж.
Во соопштението се вели дека во пожарот животот го загубиле осум лица, меѓу кои шест деца.
Тимовите на противпожарните бригади го згаснале пожарот, и во таа прилика еден пожарникар бил повреден.
Причината за пожарот е предмет на истрага.
Извор:(Vijesti/ AA)









