Русија/Рамзан Кадиров за смртта на Меккејн : “ Тоа е Аллах-ова воља“

0
1349

Веќе објавивме дека американскиот сенатор Џон Мекејн, поранешен виетнамски воен затвореник во Виетнамската војна, неконвенционален републиканец, кој беше претседателски кандидат на неговата партија во 2008 година, почина од канцер.
Мекејн се смета за лојалист на полето на надворешната политика и ги задржа традиционалните републикански ставови за светските работи.
Тој беше особено заинтересиран за Русија, па пред година дена на Владимир Путин му порача дека ќе “плати за нападот врз американската демократија”.

Од тука не изненадува што во Русија ладна беше примена вест за неговата смрт. Еден од ретките кои го изразија своето мислење беше чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој на својот профил на Твитер напиша:

“Почина сенаторот Џон Меккејн. Беше меѓу американските политичари кои без објаснување ја мразеа Русија. Не му се допаѓаше фактот дека Русија воопшто постои. Сето тоа, е Аллахова воља. Русија постоела, постои и ќе постои “, напишал Кадиров.

ramzan_02_vk.jpg - undefined

Извор:RSA