Руското Министерство за одбрана издаде уште едно предупредување денеска, истакнувајќи дека одредени групи планираат да извршат напад врз хемиското оружје во Сирија, со цел да се обивини сириската армија и на тој начин, подтикне странска воена интервенција. Сега тие наведуваат дека хемискиот напад би можел да се случи во наредните два дена, во населбата Кафр Зита (означено на горната карта) и дека на просторот на Сирија пристигнале “странските специјалисти” за да им помогнат на милитантите во организирањето на истиот. Целиот инцидент, како што се вели во соопштението, ќе биде снимен за меѓународните медиуми да го обвинат Дамаск.
“Нападот ќе се случи во селото Кафр Зита во следните два дена”, изјавил портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
“Група луѓе од северна Сирија веќе се префрлени во населеното место Кафр Зита, и штотуку се обучуваат за да учествува во глумењето (актерство) како последица на нападот. Тие се подготвени да изјават дека сириските владини сили во хемискиот напад користеле таканаречени” барел бомби “, изјавил Конашенков.
Потсетуваме, на 22 август американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека ќе има “многу силен одговор ако сирискиот режим повторно користи хемиско оружје”.
Дали нападот навистина ќе се случи дури иако Русија однапред излегува со информација дека истиот е во подготовка? Очигледно, ќе дознаеме за два дена.
Извори: Advance/RT










