ЕРДОГАН: Ќе донесеме мир и стабилност во Сирија и Ирак

0
672

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека земјата која ја предводи ќе донесе мир и безбедност во Ирак и делови од Сирија, кои Турција не ги контролира, посочувајќи дека терористичките организации ќе бидат отстранети од овие области.

Турција, која поддржа некои од бунтовничките групи во Сирија, соработува со Русија, која го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и Иран, со цел да се најде политичко решение за кризата во таа земја.
Говорејќи во југоисточната провинција Мус на комеморацијата и одбележувањето на годишнината од Битката кај Манзикерт од 1071 година, Ердоган вети дека ќе донесе мир и безбедност во Сирија и Ирак, пренесе Ројтерс.
– Единствените места во Сирија, каде што се воспоставуваат безбедноста и мирот, се под турска контрола. Со помош од Бога, ќе воспоставиме мир и во другите делови на Сирија и ќе го доведеме истиот мир во Ирак, каде се активни терористички организации – истакна тој.
Извор: Фена