Министерот за одбрана на Иран пристигнал на преговори во Сирија

0
349

Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, денеска пристигнал во Сирија за да се состане со високи одбранбени и воени претставници во дводневна посета на оваа земја, пренесе новинската агенција Тасним.
Иранските сили го поддржаа сирискиот претседател Башар ал-Асад за време на сириската војна, а Фарс њуз известува дека Хатами, по пристигнувањето во Сирија, изразил надеж дека Иран ќе има продуктивна улога во реконструкцијата на Сирија.

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, претходно оцени дека Иран треба да ги отстрани своите сили од Сирија.

Високи ирански официјални лица изјавија дека нивното воено присуство во Сирија е на покана на владата на Ал Асад и дека немаат планови за повлекување, објави Ројтерс денес.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)