Кампања за поддршка на турската лира во Мароко

0
571

Наспроти шпекулативниот напад врз турската економија, во Мароко започна кампања за поддршка на турската лира и бојкот на американските производи.

По одлуката на американската администрација за воведување дополнителни даночни стапки за челикот и алуминиумот што се увезуваат од Турција, Мароканците започнаа кампања за поддршка на Турција и турската лира, поради што почнаа да купуваат турски производи и да ги повикуваат граѓаните да патуваат за Турција.

Мароканските корисници на социјалните мрежи фејсбук и твитер кои на арапски ја започнаа кампањата за поддршка под хаштагот #поддржете ја турската лира, наиде на големо интересирање кај Мароканците.

Мароканскиот новинар Халид Абжег на постот што го сподели рпеку страницата на фејсбук напиша: „Бојкотирајте ги САД. Бојкотирајте ги американските производи. Помогањето на турција е обврска. Турција е над сите“.

Мароканскиот истражувач Идрис Бивану кој се бави со истражување на Турција истакна дека Турција моментално сака да се спаси од хегемонија поради што претставува пример за народите коишто сакаат да бидат слободни. Неограничената емпатија за поддршка на Турција против американската хегемонија претставува одраз на состојбата.

Поддршката на Турција не претставува прифаќање на турскиот модел, ама претставува многу значајна и силна порака за сите земји кои што сакаат да го развијат својот посебен политички и економски модел на управување, рече Бивану потенцирајќи дека кампањите коишто се простираат на широка географија од Пакистан до Мароко во суштина претставуваат одраз на желбата за избор на сопствените социјални, демократски и политички вредности.

Мароканскиот учен човек и интелектуалец Хамад ал-Кабаџ на постот преку фејсбук ги повика сите Мароканци и Арапи да изразат поддршка на Турција и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Кабаџ рече дека беше докажано дека по последните случувања, со поддршка на Турција, претседателот Ердоган ќе излезе во пресрет на сите угнетени народи и дека со стекнување на нивната доверба, можно е да се ослободиме од глобалниот империјалистички систем.

Теологот Адил Рафушна постот преку профилот на фејсбук упати повик за поддршка на праведниот лидер.

Не само владата на Турција, туку и турскиот народ се наоѓаат во првите редови кога станува збор за воспоставување добро, просперитет, хуманитарна помош и мир. Во мое лично име ги повикувам сите муслимански браќа и сите оние коишто се на страната на слободата во светот да ги поддржат Турците во борбата против американската надменост со која управуваат Доналд Трамп и ционистичките соработници.