Најмалку 15 лица загинаа, а 27 беа повредени кога туристички автобус се преврти на автопат во близина на Софија, објавија бугарски официјални претставници.
Полицијата соопшти дека автобусот превезувал туристи кои заминале на викенд патување во блиското одморалиште и се превртел на 20 метри под автопатот, објави АП.
Несреќата се случила околу 20 километри северно од Софија.
Повредените се згрижени во болницата, а некои се во критична состојба, соопштиле лекарите.
Засега нема информации за националноста на патниците.
Владата за понеделникот објави национален ден на жалост.










