САД ја намалува помошта на Палестина за 200 милиони долари

0
258

Американскиот претседател Доналд Трамп пренасочи во други намени 200 милиони долари помош за Палестинците, изјави висок официјален претставник на Стејт департментот.

Првично, парите во 2017 година беа резервирани за програмите на Западниот брег и појасот Газа, пренесуваат агенции.

Администрацијата на САД сака “да се осигура дека средствата се трошат во согласност со американските национални интереси и сакаат да им дадат вредност на американските даночни обврзници”, соопшти официјално лице.

Официјален претставник на Стејт департментот го обвини Хамас за ужасна хуманитарна ситуација во Појасот Газа, движење кое е на власт во таа област.
Израел и Египет, во различен опсег, наметнуваат блокада на оваа палестинска енклава.
Израел и САД сметаат дека Хамас е терористичка организација.

Администрацијата на Трамп предизвика гнев кај Палестинците кога оваа година ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим еден ден ќе биде главен град на идната палестинска држава.

Извор:faktor