Тешка сообраќајна несреќа во Турција, најмалку седум загинати

0
626

Најмалку седум лица, меѓу кои и тројца деца, загинаа во сообраќајна несреќа во Ерзинчан, североисточна Турција.
Според прелиминарните податоци, три лица се повредени. До несреќата дошло во утринскит часови на патот Ерзинчан-Сивас.
Екипи на Управата за катастрофи и вонредни ситуации (AFAD) се на теренот и според прелиминарните податоци, седум лица загинале. Во два автомобили се наоѓале десет лица.
Повредените биле хоспитализирани во болници во близина.