Во пожар што избувна во саботата изутрина во хотел во Кина, најмалку 18 лица загинаа, соопшти агенцијата Ксинхуа.
Огнот се ширел во текот на ноќта во хотел во Харбин, во центарот на провинцијата Хејлунџанг во североисточниот дел на земјата, пренесуваат агенции.
“Во 4,50 минути (во средно европско време), веќе била потврдена смртта на 18 лица. Спасувачките операции продолжуваат”, соопштиле противпожарните екипи.
“Истрагата за избувнување на пожарот е во тек”.
Извор:(Vijesti)










