Состанок Чавушоглу-Лавров: Военото решение за сирискиот Идлиб би вило катастрофа

0
529

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во Москва денеска по средбата со својот руски колега Сергеј Лавров изјави дека военото решение за сирискиот Идлиб би било катастрофа, објави агенцијата Анадолу (АА).


Тој подвлече дека тоа е област каде живеат повеќе од три милиони цивили. Турскиот министер укажа на важноста на разликувањето на цивилите од терористите во Идлиб.
– Сите терористички организации за нас се исти . Со сите е потребна борна. Од друга страна, военото решение би било катастрофа во тој случај. Не само за областа Идлиб, туку и за иднината на Сирија “, изјави Чавушоглу на состанокот со Лавров во Москва.
Како што рече, радикалните групи ги малтретираат цивилите и умерената опозиција во оваа област. Чавушоглу додаде дека е важно да се неутрализираат овие радикални групи.

Извор:faktor