Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјавил дека неговата земја сé уште се надева оти САД ќе ја признаат нејзината анексија на Голанската висорамнина, откако висок американски официјален претставник изјави дека прашањето не е на агендата на Белата куќа.
Израел го окупира поголемиот дел од Голанската висоравнина во Блискоисточната војна во 1967 година и го припоил веднаш по војната, чекор кој никогаш не беше признаен од страна на меѓународната заедница.
Израелската влада се надева дека САД ќе го следат своето признавање на Ерусалим како главен град на Израел со признавање на анексијата на Голанската висоравнина.
Во мај, израелскиот министер за разузнавања, Израел Кац, изјавил дека очекува САД да ги поддржат израелските претензии околу територијата.
Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, истакнал дека за време на посетата на Израел оваа недела дека “немало дебата за тоа, американската влада не донесе никаква одлука за оваа тема”.
Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, израелскиот премиер рекол дека нема да се откаже од очекувањата за признавање на анексијата на Голанската висоравнина после изјавата на Болтон, пренесува Ксинхуа.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










