Еден од најдобрите борбени авиони во светот се урна на пистата на аеродромот Еглин во близина на Флорида, објавија американските воздухопловни сили.
После итен случај за време на лет, ловецот F-35A се враќал на аеродромот при што му откажал задниот трап, односно опремата за слетување.
Инцидентот се случи во средата околу 12.50 по локално време. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на несреќата а пилотот не бил повреден, објавија американските воздухопловни сили.
Започната е истрага за инцидентот, колку е штетата и колку ќе бидат трошоците за поправка не е познато, како и деталите за “итната ситуација” заради што ловецот морал да се врати во базата.
Ова не е прв пат на ловец Ф-35 да му откаже опремата за слетување. Во 2017 година пилотите на морнарицата го користеа моделот F-35C и се жалеле на откажувањето задниот трап, пренесе порталот Defense News..











