ЕУ уплати 18 милиони евра помош за Иран

0
225

Европската унија објави испраќање на првиот пакет финансиска помош за надолната економија во Иран, што е само дел од напорите на европскиот блок да го одржи жив нуклеарен договор, пренесува Анадолу (АА).

Европската комисија денес објави испраќање на првата транша од помош од 18 милиони евра – осум за приватниот сектор, осум за справување со еколошките прашања и два за борбата против злоупотребата на дроги.
Ова е првиот дел од вредноста од 50 милиони евра вредна помош за Иран, со цел полесно да се справи со економските и социјалните предизвици.

ЕУ смета дека нуклеарниот договор е од витално значење за глобалната безбедност. Заради тоа се обидува да го одржи во живот договор откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од договорот во мај.
По тој потег, тој, исто така, ги врати санкциите што ги погодија некои европски компании што работат со Иран. Техеран во понеделникот објави дека француската нафтена компанија Total SA го напуштила Иран.
Извор: Агенција Анадолу