Напад со нож во белгиски ресторан, најмалку една особа загинала

0
185

Едно лице во градот Морезн, Белгија, беше убиено, а неколку беа повредени кога еден напаѓач, вооружен со нож, влегол во ресторанот и нападнал гостите.
Очевидци изјавиле дека жена е прободена до смрт.
Градоначалникот Тјери ​​Вимер изјавил дека дошло до трагедија, нагласувајќи дека нападот не е терористички , туку од приватна природа.
Како што истакна, иако областа ја андлетуваат хеликоптери,и присутен е голем број полицајци, повеќе нема оапсност.
Официјални лица не соопштиле колку лица се повредени.
Не е јасно дали напаѓачот е уапсен.

Извор:cdm