Поради проблеми со еден од системите за управување, речиси сите возови во и во близина на Амстердам и Аеродромот Шипхол биле запрени, заради што илјадници луѓе останаа без транспорт.
Железничката компанија соопштила дека не е јасно кога ќе се реши проблемот и кога возовите ќе почнат повторно да сообарќаат.
Системот падна за прв пат вчера попладне, по што беше решен иницијалниот проблем, меѓутоа возовите вечерва повторно застанаа.
Патниците кои сакаат до аеродромот Шипхол формирале долги линии за автобуси и такси возила, а оние кои сè уште чекаат им се нуди бесплатно кафе и чај.









