Земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер забележан е во североисточниот дел на Венецуела, а исто така се почувствувал во главниот град на Каракас, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Американскиот геолошки центар за истражување (USGS) соопшти дека земјотресот од 7,3 степени е регистриран на длабочина од 123 километри, со епицентар на околу 20 километри северозападно од градот Јагарапо.
Министерот за внатрешни работи, Венецуела Нестор, Луис Ревеол, изјави дека немало смртни случаи во земјотресот, но биле пријавени повреди и била забележана значителна материјална штета.
Жителите на Каракас за американските медиуми велат дека земјотресот траел околу една минута.
Извор:faktor











