По повод Курбан Бајрам, Мароканскиот крал помилувал речиси 900 затвореници

0
492

По повод Курбан Бајрам, мароканскиот крал Мухамед VI помилувал речиси 900 затвореници, јави агенцијата Анадолу (АА).

Министерството за правда на оваа земја објави дека кралот, по повод муслиманскиот празник, наредил амнестија на 889 затвореници.
Мухамед Агнак, адвокат за активистите на движењето Риф, изјави за АА дека меѓу помилуваните затвореници има 11 членови на ова движење.
Неколку луѓе беа уапсени за време на протестите организирани во јули во областа Рифа. Граѓаните на овој начин изразија незадоволство поради неуспехот заради неисполнувањаето на ветените проекти.

Минатата недела, мароканскиот крал помилуваше 450 затвореници.
Кралот Мухамед VI беше крунисан за крал Мароко на 30 јули 1999 година, по смртта на неговиот татко, кралот Хасан II.