Армијата на САД во Европа денес се извини заради тоа што Македонија ја нарече Северна Македонија во видеоснимка од заедничка вежба со македонската армија.
Вчера на утринскиот канал на Армијата на САД беше објавено видео на воена вежба на полигонот Криволак во Македонија, со опис дека вежбата беше спроведена со “Северномакедонските војници во Северна Макдонија”.
Според локалните медиуми, по реакцијата на јавноста, видеото брзо беше отстрането, а американската армија се извини денес.
“Се извинуваме за видеото објавено на социјалните мрежи каде што е наведено погрешно име за Република Македонија. Ние веднаш го отстранивме видеото. Го цениме нашето пријателство со Македонската армија и жалиме за нашата грешка “, се вели во соопштението на армијата на САД во соопштението во Европа.
Промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија (до крајот на оваа година) е предвидено со договор со Грција за конечно решавање на спорот за името од три децении, што е основен услов за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Извор:RSE/CDM









