Анкетата спроведена во САД покажа дека повеќето испитаници веруваат дека дополнителната царинска тарифа на американски претседател Доналд Трамп на другите земји, негативно ќе ја погоди и американската економија.
Во анкетата спроведена од Националната асоцијација за бизнис економија (NABE) со вкупно 251 испитаник од американскиот економски живот, главното прашање било како најновите политики на Трамп ќе влијаат на американската економија.
Најголемиот дел од испитаниците, или 91 процент од нив, одговориле дека влијанието на дополнителните царини, воведено од претседателот Трамп, ќе биде негативно и силно во однос на американската економија.
Исто така, 66 отсто од испитаниците истакнаа дека повлекувањето на САД од Северно-американскиот договор за слободна трговија (НАФТА), исто така, би имало негативно влијание врз американската економија.
Според истражувањето, 74 проценти од испитаниците веруваат дека економските политики на САД треба да влијаат на намалувањето на нееднаквоста во приходите на граѓаните.
Извор:(Vijesti / AA)










