Водостојот на Охридското езеро е за 12 сантиметри понизок од максимално дозволената кота.
Според последните мерења на УХМР, нивото на езерската вода е на котата од 693,63 метри надморска височина, односно на 12 сантиметри под максимално дозволената кота (693,75м.н.в).
Од почетокот на овој месец досега езерското ниво опаднало за осум сантиметри.
И покрај тоа водостојот е далеку над просекот за август, кој изнесува 693,45 м.н.в. Температурата на водата во Охридското езеро е 24 степени.
Според најавите на метеоролозите до среда и понатаму ќе е топло, со попладневна нестабилност претежно во планините и особено на запад, а ќе е проследена со појава на локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Среда и четврток се очекува да се претежно стабилни и топли. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес











