НОВ УДАР: Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Турција и стави во стаусот “ѓубре“

0
723

Американската агенција за кредитен рејтинг Мудис (Moody’s) го намали кредитниот рејтинг на Турција уште подлабоко во статусот на “ѓубре” и даде “негативни” прогнози за во иднината.
Ова е најнов удар за Анкара во време кога валута на турската лира трпи од сериозен пад поради економски проблеми и дипломатски и трговскиот спор со САД, објави агенцијата.
Мудис (Moody’s) на Турција во 2016 година и го одзеде инвестицискиот рејтинг, а вчера го намали за уште еден чекор. Агенцијата соопшти дека падот бил предизвикан од слабеењето на турските институции и поврзаната помалку предвидлива турска политика.
Намалувањето на кредитниот рејтинг обично значи повисоки трошоци за позајмување, бидејќи инвеститорите бараат повисоки каматни стапки да влезат во ризичен заем.
Агенцијата соопшти дека негативната прогноза значи очекување дека Турција се соочува со уште една финансиска криза.

Извор:RSA