Италијански инженер и дизајнер на Вијадуктот во Џенова, во чие паѓање загинаа 43 лица, Рикардо Моранди, предупредил уште во 1979 година дека ќе биде неопходно постојано да се одржува вијадукт за да се одстрани корозијата која се предизвикува заради непосредната близина на морето и загадувањето на воздухот.
Италијанската државна телевизија РАИ објави делови од извештајот на кој се наоѓа потписот на Моранди во 1979 година, 12 години после отворањето на вијадуктот.
Во извештајот се наведува дека во тоа време веќе беше познато дека може
да дојде до “губење на површинска отпорност на бетон на хемикалии” заради морето и
загадувањето на воздухот предизвикано од блиската челичана, објави АП.
Во таа прилика, Моранди ја потврди стабилноста на дизајнот на мостот, но истакнал: “Порано или подоцна, можеби за неколку години, ќе биде неопходно над мостот да се изврши третманот за отстранување на сите траги од ‘рѓа од мостот”.
Дел од Виадукт во Џенова се урна на 14 август, а при што во таа несреќа загинаа 43 лица. Во времето на несреќата, околу 30 возила биле на вијадуктот.
Home Од друг агол ТРАГЕДИЈА / Италијански инжинер уште во 1979 година предупредувал на вијадуктот во...










