Неколку куршуми биле истрелани на Амбасадата на САД во Анкара, објавија турските медиуми.
На амбасадата било пукано од возило во движење, при што во нападот истото удрило во полициската кабина на амбасадата ама никој не бил повреден.
Непознатиот напаѓач, или напаѓачи, после тоа избегале.
Односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави се заоструваат во последниве недели, а нивните растечки трговски и дипломатски разговори дополнително ги влошија економските проблеми на Турција.
Взаемни санкции
Турција го одби ослободувањето на американскиот свештеник Ендрју Бренсон, уапсен за обвиненија за шпионажа и врски со движењето на имамот Фетулах Ѓулен.
Двете земји меѓусебно ги зголемија царините, а САД санкционираа двајца турски министри.
Во меѓувреме, турската лира изгуби повеќе од 35 отсто од вредноста во однос на доларот од почетокот на годината.
Извор:cdm










