Кина изрази поддршка за Турција во моменти на сё поголеми притисоци од страна на САД

0
505

Кина ја истакна поддршката на Турција,во моментот додека Анкара се наоѓа под зголемен притисок на САД – највисокиот кинески дипломат, Ванг Ји, изјавил дека верува оти Турција ќе ги надмине “привремените тешкотии” и изјави дека Кина ги поддржува напорите на Турција за зачувување на “безбедноста и економска стабилност “.

Ванг својата изјава ја даде во својот вчерашен телефонски разговор со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Потсетуваме, турската лира оваа година загуби една третина од својата вредност во однос на американскиот долар, особено во последните недели и денови откако односите меѓу Турција и САД, двајцата сојузници на НАТО, одеднаш беа уништени.
Турскиот МВП истакна за време на вчерашниот телефонски разговор дека Турција е подготвена да ја зајакне својата соработка и комуникација со Кина.
Треба да се очекува дека Турција во овој период силно се сврти кон “алтернативни” сојузници како што се Кина и Русија.
Извор:Ројтерс