(Видео) КИЈЕВ: Против воздушен ракетен систем “БУК“ се забил во трговски центар

0
388

Украинскиот новинар Всеволод Филимоненко објави снимка од инцидентот со противвоздушниот ракетен систем “Бук”, кој се враќал од проба за предсѕојната воена парада посветена на Денот на независноста на Украина.
Имено, системот “Бук” се забил во приземјето на бизнис трговскиот центар на улица Јарославска во Киев.

На снимката која Филимоненко ја објави на неговата Фејсбук страница покажува колона од воена опрема која се движела на една од улиците на градот. Во еден момент, против-авионскиот систем Бук скренал од патот и се забил во зградата. За среќа, никој не бил повреден во близина, ниту пак луѓето што сведочеа за инцидентот во саботата вечер, на 18-ти август.
Според Филимоненко, на “Бук” системот во монентот на судирот биле монтирани модели на проектили.
Се разбира, по објавувањето на снимката активно се дискутирало за инцидентот што се случи во Киев после пробата за воената парада за Денот на независноста на Украина.
Русите реагираа иронично на необичен инцидент. Корисникот Константин Пироенко истакна дека “она што се случило воопшто не го изненадило”.
За многумина, овој инцидент е добар, имајќи предвид дека немало мртви и повредени, бидејќи ја побива тезата за “руската трага“ за се лошо што се случува во Украина.
“Тие ќе се победат самите себе”, објавил на Твитер еден од корисниците кој го коментирал инцидентот.