(Видео) Шангај добива хотел со 16 ката под земја

0
500
Луксузниот хотел “InterContinental Shanghai Wonderland”, кој е речиси комплетено се наоѓа под нивото на земјата, или во длабоката јама на поранешниот каменоломот во југозападниот дел на Шангај, ќе биде отворен до крајот на оваа година.
Од вкупно 18 спрата од хотелот, два се лоцирани над земјата, додека дури 16 ката од одгромната градба се наоѓа под нивото на земјата, вклучувајќи и два ката под вода.
Хотелот опфаќа површина од 61.000 квадратни метри.
Ќе има 336 соби и апартмани со балкони од кои гостите ќе можат да уживаат во спектакуларен поглед на водопадите од околните карпи.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=IkvTrnesKws[/embedyt]
За разлика од вообичаениот архитектонски концепт на високи згради, овој хотел се разликува од другите згради со неконвенционална употреба на простор под земја.
Достигнувајќи ја длабочината од 88 метри под земја, хотелот го трансформира односот помеѓу градот и природата, трансформирајќи го каменолом во прекрасна атракција која сигурно ќе привлече голем број посетители.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=CBoISd6pAe0[/embedyt]
Хотелскиот проект беше направен од страна на Shimao Group и хотелот ќе биде раководен од една од водечките хотелски компании на IHG.