Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека никој не смее да се игра со Турција и со турскиот народ.
– Не признаваме никаква пролазна моќ што ќе му се спротивстави на овој храбар и паметен народ. Никој да не си игра со овој народ и оваа земја. Ние сме народ кој продолжува да чекори кон поставените цели, а наша водилка е “или ќе нё биде, или ќе умреме”, изјавил турскиот претседател Ердоган, пренесе агенција Анадолу.
Тој истакна дека никој нема да успее да го спречи зајакнувањето и развојот на неговата земја, ниту пак ќе го попречи постигнувањето на сите цели што ги има поставено Турција.
“Уште еднаш, нема да успеете, нема да можете да го делите нашиот народ, да ги изгаснете нашите Езани, да го отстраните знамето или да ја сруши нашата земја. Вие нема да бидете во можност да го прекинете зајакнувањето и развојот на Турција, ниту да нè спречите да ги постигнеме нашите цели. Бидејќи сме Турција, ние сме турски луѓе, ние сме муслимани, бидејќи ние сме заеднички глас и совест на човештвото “, истакнал Ердоган.
Извор:Faktor











