Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин, минатата ноќ се закани со нови санкции за Турција, “ако за кратко не го ослободат” притворениот американски свештеник осомничен за шпионажа и соработка со организацијата ФЕТО, смета за терорист во Турција.
“Имаме многу други чекори што планираме да ги искористиме ако тие за кратко не го ослободат”, изјавил американскиот државен секретар.
Еден ден претходно, секретарот за односи со јавност на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека “САД се подготвени да ги уништат односите си Турција заради свештеникот” и дека притоа американската администрација не й помага на Турција во борбата против тероризмот, игнорирајќи ги нејзините национални интереси:
“Тие (САД) се подготвени да ги раскинат односите со Турција заради свештеникот. Вашингтон е на прагот да ја изгуби поддршката на Турција. Ниту при Обама ниту при Трамп не беа усвоени јасни мерки за поддршка на Турција во однос на ликвидација на двете главни закани за националната безбедност – терористичкото движење “Паралелна држава” и Курдистанската работничка партија. Турција е длабоко разочарана во врска ситуацијата во рамките на заштитата на своите национални интереси. Многу години ни зборуваат за поддршка во борбата против терористите, помеѓу останатото и во полето на размената на разузнавачки информации. Но, во реалноста, за жал, оваа соработка е далеку од посакуваното ниво ”
Од друга страна, американскиот потпретседател Мајк Пенс на 15 август објави закани за Анкара, велејќи дека “за Турција е подобро да не го тестира трпението на Трамп”. Притоа на свештеникот Брансон го нарече “Божји човек на верата”, и рекол дека “секој Американец мора да се моли за враќање на свештеникот Брунсон”.










