КИНА: Турција може да ги надмине економските тешкотии, доаѓа кредит од 3,8 милијарди долари

0
1145

Кина изрази поддршка за Турција, велејќи дека земјата може да ги надмине своите “привремени” економски тешкотии.

Турската валута лира оваа година изгуби една третина од својата вредност во однос на американскиот долар, а влошувањето на американо-турските односи со заробениот американски пастор Брансон (во Турција обвинет за шпионажа и соработка со терористички организации) само го забрза овој процес. Се разбира, проблемите започнаа пред аферата “Брансон”, особено по изборната победа на Ердоган и консолидацијата на неговата влада преку транзицијата на земјата кон претседателската власт. Исто така, беше интензивирано влијанието на претседателот врз монетарната и кредитната политика на земјата.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја истакна “новата насока” на турската економија и нејзините надворешни односи.
“Кина верува дека Турција има способност да ги надмине привремените економски тешкотии и се надева дека овие земји (САД и Турција) ќе можат да ги намалат своите несогласувања преку дијалог”, се вели во соопштението на МВП.
Потсетуваме дека минатата недела турската лира се намали за 20 отсто, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави двојно зголемување на тарифите во однос на увозот на турски челик и алуминиум. Претходно, Белата куќа воведе санкции против турските министри за внатрешни работи и правда поради одбивањето на Анкара да го ослободи американскиот пастор Брансон. Аналитичарите веруваат дека, со оглед на отсуството на дешифрирање на знаците во односите меѓу Вашингтон и Анкара, како и отсуството на конкретен, сеопфатен план за решавање на слабостите во турската економија, сѐ уште постои висок ризик од паѓање на турската национална валута.
Кинеската МВП денеска, осврнувајќи се на државните медиуми таму, објави дека државната банка на Кина, Индустриска и Комерцијална банка на Кина, со турската банка ИЦБЦ, потпишаа договор за 3,8 милијарди долари. Турската банка го потврди потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка во инфраструктурата, но одби да коментира за распределбата на споменатиот износ, наводно неодамна договорен во Анкара.

Исто така, кинеската МНР изјави дека Кина секогаш ја поддржува деловната и финансиската соработка меѓу земјите и склучува бизнис во согласност со пазарните правила.

Извор:Geopolitikanews