Турција не преговара со Меѓународниот монетарен фонд

0
485

Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак, коментирајќи за економијата на неговата земја, изјавил дека Турција не отстапува од финансиската дисциплина, објави агенцијата Анадолу (АА).
“Турција не отстапува од финансиската дисциплина, а приоритет е структурни реформи”, истакнал Албајрак во обраќање преку вудеолинк до група од 6.100 странски инвеститори.
Тој истакна дека е многу важно да се намали инфлацијата во земјата.
“Најважниот приоритет е да се намали инфлацијата и да се достигне едноцифрена стапка на инфлација во најкус период”, истакнал Албајрак.
Тој, исто така, посочи дека Турција ќе излезе од сегашната ситуација “уште посилна”.
“Ние не преговараме со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ќе продолжиме да обезбедиме средства од меѓународните пазари”, потенцирал турскиот министер за финансии.
Тој истакна дека целта на Владата е Турција да стане “инвестициски центар во регионот”.
“Ние сме свесни за неодамнешните флуктуации, предизвици, го знаеме потенцијалот на нашата земја и ќе бидеме уште посилни со чекорите што ќе ги преземеме”, рекол Албајрак.
Тој истакна дека ќе ја поддржи Централната банка на Турција.
“Само монетарната политика не е доволна за борба против инфлацијата. Ќе ја поддржиме Централната банка со фискални политики”, завршил Албајрак.
Извор:(Vijesti / AA)