Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порачал дека САД не се свесни за тоа кој е нивниот вистински пријател.
– САД не знаат и не гледаат кој е нивниот вистински пријател, – рекол Чавушоглу во своето обраќање на церемонијата на затворање на 10-та амбасадорска конференција која се одржа во Анкара.
Тој го критикуваше тековниот начин на размислување кое го следат САД и нивната администрација.
“Ние лесно можеме да ги решиме проблемите со САД, но не со нивниот сегашен начин на размислување”, истакнал Чавушоглу.
Тој истакна дека Турција не направила погрешни чекори кон САД, додавајќи дека правниот систем треба да функционира, без разлика кој се соочува со оправдани обвиненија. Тој посочи дека Турција не е таа која испраќа оружје на терористички организации.
– Дали испраќањето на илјадници оружје на терористичка организација е спротивно на идејата за пријателство, или тоа е функционирањето на правниот систем во Турција? – рекол Чавушоглу.
Тој додаде дека на американските соговорници безброј пати им истакнал дека санкциите и притисокот врз Турција нема да функционираат и дека нема да има потреба од тензии доколку има пристап за решавање на меѓусебните прашања во пријателски и правни рамки.
– САД мора да сфатат дека овие работи не се како каубојски филм. Ние не играме, ниту пак снимамее каубојски филм. Ова се две големи земји кои треба да имаат добри односи, но сепак ќе научиме да се почитуваме еден со друг. Почитувањето не се постигнува со притисоци, туку со пристап “, истакнал Чавушоглу.
На крајот, тој истакна дека не може да ја предвиди сегашната политика на САД, додавајќи дека таквата политика не ја поддржува ниту Европа.
– Ние не сакаме проблеми со која било земја. Ние никогаш не можеме да бидеме среќни затоа што имаме проблем со САД – надополнил турскиот шеф на дипломатијата.
Извор:faktor









