АВГАНИСТАН: Вооружен напад врз дирекцијата за национална безбедност

0
266

Денес рано утро во Кабул, во Авганистан, извршен е вооружен напад врз центар за обука на Дирекцијата за национална безбедност, пренесува агенцијата Анадолу (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, известил дека вооружени лица влегле во зградата во близина на центарот за обука и почнале да пукаат во објектот.
Голем број службеници за безбедност биле испратени на местото на настанот. Сведоците велат дека слушнале експлозија во зградата. Сообраќајот запрел. Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот.
Во самоубиствен напад извршен вчера во Кабул загинаа 48 лица.

Извор:faktor