Намалувањата на водата се нови во серијата проблеми со кои се соочуваат жителите на Венецуела по петгодишната економска криза што предизвика раширена неухранетост, хиперинфлација и масовна миграција на населението.
Проблемите во функционирањето на водоснабдувањето во Каракас поради слабото одржување се влошија во текот на изминатите месеци, оставајќи многу од три милиони луѓе во градот без редовно снабдување со вода за пиење.
Социјалистичката влада за редукцијата на водата ги обвини “десничарските терористи”
Каракас се наоѓа во зелена долина на 900 метри надморска височина и снабдува вода со пумпите од пониска област. Но, пумпите не се одржуваат, некои делови се тешки за набавки, а на владата и недостасуваат пари.
Социјалистичката влада тврди дека намалувањата на водата се последица на саботирањето на екстремно десничарски “терористи”.
Во јули, таа објави “посебен план” за решавање на ова прашање, но не објави детали.
Се појавуваат болести и недостигаат лекови
Недостатокот на вода може да доведе до здравствени проблеми, а земјата нема антибиотици и вакцини.
Во една од најголемите градски болници, повеќето од тоалетите се затворени и операциите се одложени или откажани. Речиси 75 проценти од граѓаните редовно не добиваат вода. Околу 11 отсто изјавиле дека заради нечиста вода имаат проблеми со кожата и стомакот.
Лекарите изјавија дека чешањето и дијареата се во пораст.
30
previous post
