Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се заблагодари на Емирот и народот на Катар за поддршка.
– Во име на мојот народ, му се заблагодарувам на Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани и на народот на Катар, кои се со Турција – објавил Ердоган на официјалниот профил на Твитер.
Тој потсети дека денес имал многу позитивен состанок со емирот на Катар ал Тани.
– Со Ал Тани, кој пристигна во нашата земја во работна посета, имав многу ефикасен и позитивен состанок – додал Ердоган.
На крајот тој рече дека Турција и Катар ќе продолжат со блиска соработка во иднина.
“Ние ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите односи со пријателскиот и братскиот Катар во многу области”, истакнал Ердоган.








