Турскиот суд ја одби молбата за ослободување на пасторот Брунсон

0
534

Турскиот суд го отфрли барањето на американски евангелистички свештеник за ослободување и да му се укине забраната за патување, меѓутоа вишата судска инстанца допрва треба да донесе одлука по жалбата, изјави во средата неговиот адвокат за Ројтерс.
Пасторот Ендру Брунсон се соочува со судење во Турција под обвинение за тероризам. Неговиот случај е во центарот на дипломатската криза помеѓу Турција и САД, што доведе до колапс на турската лира.
САД предупредија за нови економски притисоци врз Турција ако одбие да го ослободи Брунсон.
Остра порака дојде еден ден откако американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, се сретна приватно со турскиот амбасадор во Вашингтон Сердар Килич за да разговара за случајот на Брунсон. Болтон го предупредил на Килич дека САД нема да дадат никакви отстапки во врска со ова прашање, изјави висок официјален претставник на САД.
Официјален претставник на Белата куќа, зборувајќи за Ројтерс под услов да остане анонимен, изјавил дека “не е постигнат напредок” во случајот на Брунсон.
– Администрацијата ќе остане исклучително цврста по ова прашање. Претседателот е 100 проценти посветен на враќањето на пастирот Брансон дома, и ако не видиме каква било акција на Турција во следните неколку дена или недела, би можеле да преземеме дополнителна акција “, изјавило официјалното лице.
Овие нови активности, најверојатно, ќе бидат во форма на економски санкции, истакнал представникот, додавајќи: “Ќе продолжиме да притискаме додека не ги видиме резултатите”.
Извор:(Viejsti / ФЕНА)