ПРОДОЛЖУВА ПОДРШКАТА ЗА ТУРЦИЈА / Ирачки премиер: Ја подржуваме Турција во сите мерки со националната валута

0
666

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара рече дека неговата земја е подготвена да соработува со новата ирачка влада за зајакнување на соработката во неколку области и продлабочување на билатералните односи.

Ердоган и премиерот на Ирак, Хајдер ал-Абади, се состанаа во претседателската палата во Анкара, по што одржаа заедничка прес-конференција.
– Подготвени сме да формираме нова влада за продлабочување на билатералните односи и да ја развиваме соработката на неколку клучни области, вклучувајќи ја и безбедноста и економијата, рече Ердоган.
Тој додаде безбедноста, просперитетот и стабилноста на Ирак, се безбедност, просперитет и стабилност на Турција.
– Вториот граничен премин ќе биде во корист на Ирак и нашата земја. Верувам дека ќе ги преземеме потребните чекори за ова прашање. Проблемот на Ирак е наш проблем. Подготвени сме да го направиме она што можеме кога станува збор за обнова на земјата – истакнал Ердоган.
Абади изјавил дека Ирак му дава целосна поддршка на Турција.
– Со Турција, сме во врска со националната валута. Ја поддржуваме Турција во сите мерки што ќе ги преземе – изјавил Абади.
Тој, исто така, укажа на заедничка позиција кога станува збор за граничната безбедност.
“Ние не сакаме ниедна терористичка организација да работи во Ирак и ние се спротивставуваме на тоа”, порачал Абади.