Ердоган објави бојкот на американската електроника

0
780

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави бојкот на американските електронски производи, порачувајќи дека производите кои се увезени со плаќање во девизи сега ќе ги произведуваат сами, а потоа и извезуваат.
Турскиот претседател, исто така, истакнал дека неговата земја има еден од најсилните банкарски системи во моментот.

“Турција денес има еден од најсилните банкарски системи во светот”, рекол Ердоган.
Ердоган најави уште поголема поддршка за инвеститорите.
“Ќе продолжиме уште повеќе да ги охрабруваме оние кои сакаат да инвестираат во нашата земја”, порачал Ердоган.

Извор:(Vijesti / AA)