Израелскиот премиер Нетанјаху и египетскиот претседател Сиси оддржале таен состанок

0
502

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и египетскиот претседател Абдел Фатх ал-Сиси тајно се состанале (горната слика е од 2017 година и не се однесува на сегашниот состанок) за да разговараат за ситуацијата во Појасот Газа, открива израелскиот Канал 10.
Цитирајќи неименуван владин претставник, Канал 10 извести дека состанокот се случил на 22-ри мај.
Портпаролот на Нетанјаху одби да ги коментира овие наводи.
Состанокот се одржа во тајност, но не е никаква тајна дека Египет и ОН се обидуваат да посредуваат извесно време со Израел за да постигнат долгорочен мир меѓу Хамас и Израел. Од друга страна, друга причина зошто овој состанок е таинствен – многумина во Египет нема да бидат задоволни што ќе го видат нивниот претседател на средба со израелскиот премиер.
извори: Ројтерс