Министерот за финансии, Берат Албајрак, изјавил дека големото бранување на курсот на турската лира покажува дека Турција е цел на отворен напад.
Министерот Албајрак ги коментираше големите промени во девизните курсеви.
Албајрак во изјавата за турски весник изјавил дека овој напад, кој е покренат од страна на САД, слично влијаеше на сите земји во развој.
“Обвинението дека турската економија не е стабилна најдобро ја покажува лошата намера која постои”, изјавил Албајрак и додал дека подготвиле акционен план против големите промени во девизната размена.
Албајрак истакнал дека од денес ќе бидат превземени неопходните мерки.
Извор:(Trt.net.tr)











