Откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган испрати повик до сограѓаните да ги продадаваат доларите и еврата кои ги поседуваат како знак за поддршка на националната валута, лира, некои Турци отидоа чекор понатаму и, во знак на протест, јавно го запалија одреден број американски банкноти.
На социјалните мрежи, објавени се фотографии на турски граѓани собрани на среде улица како палат и кинат американски долари. Ова видео се прошири со брзината на светлината преку социјалните мрежи.
Турскиот претседател го повтори својот повик до сограѓаните да ги продаваат доларите кои ги поседуваатво знак на поддршка на националната валута, бидејќи лирата значително ослабе поради монетарната политика и сите превирања на Турција и САД.
Претходно, Доналд Трамп на Твитер напиша дека лира брзо паѓа во однос на многу силниот долар.
“Нашите односи со Турција не се добри сега”, напишал Трамп.
Зборовите на Трамп предизвикаа огромен бунт кај Турците, кои масовно протестираа поради падот на вредноста на лирата, убедени дека против нивната држава се води специјална војна.
Dollar-burning in Turkey. Majority always comes up with such Populist and Stupid Emotional Actions & Strategy
Gepostet von Shehzad Younis am Sonntag, 12. August 2018









