Амбасада на Р.Македонија во Емиратите : Известување

0
589

Важно соопштение:
Се известуваат државјаните на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати дека на 30Сеп2018 ќе се одржи Референдум за консултирање на граѓаните на целата територија на Република Македонија. За државјаните на Република Македонија кои ќе се регистрираат за референдумот, истииот ќе се одржи 1(еден) ден порано, односно на 29Сеп2018 во просториите на Амбасадата .

На референдумот граѓаните ќе се изјаснат за прашањето “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”.

Се повикуваат државјаните на Република Македонија, кои се со привремен престој или на привремена работа во Обединетите Арапски Емирати, а коишто сакаат да го остварат своето гласачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско- Конзуларното Претставништво на Република Македонија во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, во период од 09-23Авг2018.
При увидот, државјаните на Република Македонија се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или важечка лична карта од надлежен орган на Република Македонија.

Увидот може да сеизврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија http://www.sec.mk, а за онлајн регистрација линкот е следниот: https://dijaspora.sec.mk/RegisterForm.aspx