Сергеј Лавров идната недела ќе допатува во посета на Турција

0
241

Идната недела во посета на Турција ќе допатува рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова на неделната прес конференција рече дека министерот Сергеј Лавров идната недела на 13 и 14 август ќе престојува во официјална посета на Турција и ќе учествува на состанокот на којшто ќе учествуваат амбасадорите во Анкара и постојаните претставници.

Захарова рече дека Лавров во Анкара ќе оствари средба со турскиот колега Чавушоглу.

Според Захарова, страните на состанокот ќе разменат мислења во врска со процесот на транзиција во Сирија како и актуелните меѓународни случувања.

Министрите Лавров и Чавушоглу исто така ќе разменат и мислења околу можностите за развој на економските и трговските односи, рече Захарова потенцирајќи дека посебен акцент ќе биде ставен на гасоводот Турски тек  и првата нуклеарна централа во Турција Аккују НГС.